Правила на Игра
Организатор на наградната игра

Организатор на наградната игра со име “Секој ден iPhone 12!“ е Прилепска Пиварница АД-Прилеп, со седиште на ул. „Цане Кузманоски“ бр.1 Прилеп, со ЕДБ 4021991109104 и ЕМБС 4071344.

Времетраење на наградната игра

Времетраењето на наградната игра “Секој ден iPhone 12!“ е периодот од 15 јуни 2021 година (од 00.00 часот - почеток на наградната игра) до 31 јули 2021 година (до 15.00 часот - крај на наградната игра).

Територија

Место на одржување на наградната игра е целата територија на Република Северна Македонија.

Право на учество

Право на учество во наградната игра имаат сите консументи на производот Пепси (Пепси кола, Пепси Макс и Пепси Лајм) и Миринда (Миринда Оранж, Миринда Лемон) од Прилепска пиварница АД Прилеп (организатор на наградната игра), а постари од 18 години, освен вработените во Прилепска Пиварница АД-Прилеп, маркетинг агенцијата „Еден на еден“ од Скопје и Виртуал СЦ ДООЕЛ Скопје како и членовите на нивните потесни семејства.

Во наградната игра ќе учествуваат следните производи:

  • Пепси Кола во пакувања од 0,5 л., 1,5 л. и 1,75 л. ПЕТ амбалажа
  • Пепси Макс во пакување од 1,5 л ПЕТ амбалажа
  • Пепси Лајм во пакување од 1,5 л и 1,75 л ПЕТ амбалажа
  • Миринда Оранж во пакување од 0,5 л., 1,5 л. и 1,75 л. ПЕТ амбалажа
  • Миринда Лимон во пакување од 0,5 л., 1,5 л. и 1,75 л. ПЕТ амбалажа
Цел на наградната игра

Наградната игра, Организаторот Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја прави со цел рекламирање на неговите производи од ПепсиКо фамилијата „Пепси Кола“, „Пепси Макс”, „Пепси Лајм”, „Миринда Оранж” и „Миринда Лимон”.

Начин за учество во наградната игра

За да се учествува во наградната игра потребно е да купи најмалку еден производ (наведен во член 4 од овие Правила).

Пакувањата кои ќе учествуваат ќе бидат со посебни златни капачиња назначени дека се за наградна игра. По завршување на наградната игра производите со посебните капачиња ќе бидат повлечени од терен.

Потребно е да се испрати единствениот код кој се наоѓа на внатрешната страна на капачето (под капаче). Испраќањето на единствениот код се врши бесплатно преку креирање на персонален кориснички профил и внесување кодови преку самиот профил на веб страната www.nagradna.pepsi.com.mk или преку Viber каналот Pepsi Makedonija или преку испраќање SMS порака на телефонскиот број 14747. Секоја SMS порака чини 5 ден. + ДДВ. Учесникот во персоналниот кориснички профил на веб страната и вибер каналот треба да наведе име и презиме, град на живеење и телефонски број за контакт.

Еден код од внатрешната страна на капачето од поединечен производ може да биде испратен само еднаш било преку www.nagradna.pepsi.com.mk , Viber или преку СМС порака.

Погрешно испратените или повторно испратените кодови преку www.nagradna.pepsi.com.mk, Viber или преку СМС порака ќе бидат третирани како нерегуларни и нема да учествуваат во извлекувањето.

Секое лице кое ги исполнува условите за да учествува во наградната игра, може да учествува во истата неограничен број пати.

Секоја злоупотреба од учесниците во наградната игра ќе биде веднаш пријавена од организаторот на наградната игра до надлежните државни органи.

Извлекување на добитници

Испраќањето на единствените кодови кои ќе учествуваат во наградната игра, а кои се наоѓаат на задната страна на златното капаче од производите, ќе може да се врши од 15 јуни 2021 година од 00.00 часот најдоцна до 31 јули 2021 година до 15.00 часот, преку веб страна преку www.nagradna.pepsi.com.mk , Viber каналот Pepsi Makedonija или преку СМС порака.

Извлекување на награда iPhone 12 64GB

Во период од 22 јуни 2021 година до 31 јули 2021 година секој ден од понеделник до недела во 15.00 h ќе биде извлечен по 1 (еден) добитник на iPhone 12, односно ќе бидат доделени вкупно 40 iPhone 12 на следните датуми:

22.0602.0712.0722.07
23.0603.0713.0723.07
24.0604.0714.0724.07
25.0605.0715.0725.07
26.0606.0716.0726.07
27.0607.0717.0727.07
28.0608.0718.0728.07
29.0609.0719.0729.07
30.0610.0720.0730.07
01.0711.0721.0731.07

Во извлекувањето на наградата iPhone 12 учествуваат само кодовите кои се испратени во периодот од 15.00 h претходниот до 15.00 h тековниот ден кога се врши извлекувањето.

Со исклучок само за извлекувањето на iPhone 12 на ден 22.06.2021 година, ќе учествуваат сите кодови кои ќе бидат испратени во период од 15.06.2021 година од 00:00 часот до 15.00 h на 22.06.2021 година.

Добитниците на награди во наградната игра ќе бидат извлечени по компјутерски пат, преку софтвер,користејќи алгоритам за случаен избор. Наградите ќе се извлекуваат автоматизирано, без влијание на човечки фактор од страна на специјално креиран софтвер за оваа намена од Виртуал СЦ ДООЕЛ Скопје на адреса ул.„Бојмија“ 3/6 К 1000 Скопје, Република Македонија.

Извлекувањето на наградите, ќе го контролира жири комисија составена од 3 члена:

  • 1 претставник на Прилепска пиварница АД-Прилеп,
  • 1 претставник на маркетинг агенцијата “Еден на еден” Скопје и
  • 1 претставник на Виртуал СЦ ДООЕЛ Скопје.

Резултатите од наградната игра ќе бидат објавувани во рок од 3 дена од извлекувањето за соодветниот ден на интернет страницата www.nagradna.pepsi.com.mk со објавување на телефонскиот број (без последните две цифри), добитниот код и на името и презимето на добитникот.

Добитниците ќе бидат контактирани и известени за наградите и телефонски од организаторот на наградната игра, на телефонските броеви кои ги оставиле преку веб страната, односно преку телефонскиот број од кој ја испратиле СМС пораката/Viber пораката со кодот, непосредно после секое извлекување. Преку телефон организаторот на наградната игра ќе ги контактира добитниците на наградите со цел да се информира за личните податоци и адресата на живеење за да ги објави добитниците на наградите и за да ги испрати наградите. Личните податоци од добитникот се бараат исклучиво заради проверка на правото за учество во наградната игра и за испраќање на наградата.

Добитникот е должен да го приложи капачето со добитниот код и повратната порака дека е добитник, а во спротивно нема да му се предаде наградата.

Доделување на наградите

Организаторот на наградната игра ќе ги предаде наградите во рок не подолг од 10 дена од денот на објавувањето на добитниците со тоа што добитникот на наградата е должен да се легитимира преку приложување документ за идентификација и капачето со добитниот код. Добитникот, по избор, може наместо достава, лично да ја подигне наградата од седиштетето на организаторот на наградната игра во рок од 10 дена од денот на јавното објавување на добитниците. При телефонскиот повик од организаторот добитникот на наградата одлучува за начинот на доделувањето на наградата. Доколку добитникот не достави информација за точна адреса и/или телефонски број или не ја подигни сам наградата од Прилепска Пиварница АД во предвидениот рок од 10 дена од денот на објавувањето на добитниците, организаторот нема никаква одговорност околу наградите и не е должен да ја предаде наградата.

Организаторот после 31 јули ќе ги повлече сите амбалажи на кои ќе биде назначено дека се за наградната игра со име “Секој ден iPhone 12!“.

Количината на наградите од Наградната игра е ограничена и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои што се претходно определени. Замена за наградите со други награди, не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата противвредност од планираните награди.

Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во правилата од страна на Организаторот.

Незадоволниот учесник има право на приговор во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците, а Прилепска Пиварница АД-Прилеп ќе одговори на приговорот во рок од 5 дена од денот на поднесување на приговорот. Приговорите ќе се разгледааат само доколку се упатени по писмен пат на адресата на Организаторот ул.„Цане Кузманоски“ бр. 1 Прилеп.

Правилата на наградната игра, со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, по добивањето на согласност од Министерството за финансии, ке бидат објавени јавно на официјалната веб страна на Организаторот на наградната игра, www.nagradna.pepsi.com.mk , пред почетокот на наградната игра. За начинот на учество во наградната игра ќе се емитуваат и телевизиски спотови, а потенцијалните учесници ќе бида запознати и преку социјални мрежи и постери.

Награди кои ќе бидат доделени во наградната игра со име “Секој ден iPhone 12!“ во организација на Прилепска Пиварница АД-Прилеп се:
Опис на наградаКоличина
Мобилен телефон iPhone 12 64GB40

Сите трошоци за наградната игра ги сноси Прилепска пиварница АД-Прилеп од својот буџет за реклами. Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани со наградите вклучувајќи го и данокот на личен доход.Секој од добитниците ќе добие потврда за добивка со подмирен данок на личен доход, подготвена и заверена од организаторот на наградната игра.

Со пополнување на пријавата за наградна игра, учесникот на наградната игра изречно се согласува дека организаторот, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци за наградените и регистрираните корисници, за изведување на наградната игра и известување за наградната игра. Организаторот се обврзува дека ќе ракува со спомнатите податоци во согласност со позитивните прописи со кои е уредена заштитата на личните податоци.

Обработката на личните податоци за цели на директорен маркетинг ќе се извршува во целост во согласност со Законот за заштита на личните податоци, а секој учесник во наградната игра има право во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

За сите лица, кои ќе бидат вклучени во процесот на прибирање и обработка на личните податоци, ќе се обезбедат потпишани овластувања за работа со лични податоци и изјава за заштита на лични податоци.

Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку тоа е потребно за законски цели при изведување на наградната игра.

Организаторот се обврзува дека ќе ги обработува, чува и уништи податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.

Учесниците во наградната игра се согласуваат нивниот податок телефон и електронска пошта да може да се користи за комуникација како и да може јавно да се објави доколку бидат извлечени.

Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавени. Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку потроши поголема сума на пари.

Во случај на спор помеѓу Оргнизаторот и учесниците на наградната игра надлежен е Основен суд Прилеп.

Овие правила ќе започнат да се применуваат откако Министерството за финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа-наградна игра и ќе важат се до завршувањето на наградната игра. Со учество во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

Организатор,

Прилепска пиварница АД Прилеп